Тод Боли го растура она што го градеше Роман Абрамович - Челси станува просечен клуб!
Енцо Мареска важеше за одличен тренер, но од клубот беше лошо третиран, се создаде тензична атмосфера меѓу него и раководството, по што следуваше разделба.
Големите англиски медиуми пишуваа дека раководството на клубот му се мешало во создавањето на составот, сакале да става млади играчи и често да го менува тимот со цел да им се крева цената на фудбалерите.
Можеби идеален за такво нешто ќе биде тренерот кој ќе го назначан следен, тоа е Лиам Росениор.
Се работи за 41-годишен англиски тренер кој во моментов го води Стразбур во Франција. Челси ќе нема пречка да го донесе него на клупата бидејќи на двата клубови е истиот газда.
Росениор е непознат тренер кој досега ги водел Дерби, Хал и Стразбур. Јавноста го запознава сега кога неговото име почна да се поврзува со Челси.
Тој и нема позабележителни успеси со Стразбур, во моментов е на седмата позиција во Лига 1 со дури седум порази од 16 одиграни натпревари.
Наместо тренер со шампионско педигре кој ќе цели на највисоките места, Челси носи анонимус кој допрва треба да се докажува.
Американскиот сопственик на Челси, Тод Боли од голем клуб прави бизнис клуб кој повеќе ќе се грижи како да генерира профит преку продажба на фудбалери отколку да атакува на трофеи.