Валенсија стана сериозен кандидат за испаѓање, доживеа дебакл кај Селта (ВИДЕО)
Добро започна натпреварот за Валенсија бидејќи Пепелу си ја погоди сопствената мрежа по само седум минути. Селта успеа да се врати и израмни половина час подоцна со голот на Борха Иглесијас од пенал, па со по еден гол на двете страни се замина на паузата.
Во второто полувреме двете екипи имаа свои прилики, меѓутоа гостите не ги реализираа своите шанси, додека Селта беше одлична пред голот на Агирезабала.
Иглесијас беше стрелец и во 59. минута, додека Ел Абдалуи и Алварез во самиот финиш ги поставија конечните 4-1.
Македонскиот голман Столе Димитриевски поради повреда не беше во составот. Валенсија по овој пораз сега има опасност да падне во опасната зона на 18-тата позиција, а тоа ќе се случи ако Жирона слави на гости кај Мајорка.