Бразилецот од Мадрид пред заминување: Арсенал и Сити во битка за неговиот потпис

Според последните информации, Бразилецот Родриго веќе во јануари би можел да ја промени средината, а во овој момент е најблиску до преселба во Премиер лигата.

Родриго го изгуби своето место во почетниот состав и така заминувањето е се поблиску. Според пишувањето на шпанските медиуми, тој сигурно ќе го напушти Мадрид и како фаворити за неговиот потпис се споменуваат, Арсенал и Манчестер сити.

Заминување на Родриго се споменуваше и во текот нa летото, меѓуто тогаш остана и покрај интересот од неколку големи клубови.

Но, во текстот за Родриго се додава и дека постои можност, Реал да не дозволи негово заминување поради повредата на Мбапе кој ќе ги пропушти првите неколку натпревари од новата година поради повреда на коленото.

Ако на крајот, сепак се одлучат да го продадат се споменува дека нема да биде под сума за 100 милиони евра со оглед на тоа што неговиот договор има важност до 2028 година.

Сезонава во дресот на Реал Мадрид собра 21 настап во сите натпреварувања во кои постигна два гола и подели две асистенции.