Перез има план, Реал може да се засили со освојувач на „Златната топка“

Реал Мадрид според последните информации ја разгледува можноста во летниот преоден рок да го засили средниот ред, а според шпанските медиуми една од опциите е Родри.

Шпанскиот репрезентативец и претходно е поврзуваше со Реал Мадрид, но потоа дојде тешката повреда поради која и шпекулациите за неговата иднина се намалија.

Родри пропушти поголем дел од минатата сезона, но и во актуелната нема преголем континуитет и собра вкупно 415 минути во сите натпреварувања.

Сепак, со неговиот настап против Сандерленд во првиот натпревар во 2026 година кога влезе и презема контрола покажа дека има квалитет.

„Марка“ наведува дека Реал и понатаму ја следи здравствената ситуација на Родри и дека постојат шанси да биде во нивните планови за летото 2026 година под услов да ја потврди натпреварувачката форма.

Тогаш Родри би имал уште една година од договорот со Манчетер сити, па така би можел да пристигне по многу поволни финансиски услови.

Не треба да се заборави и дека има 29 години, па така и понатаму има време да одигра уште неколку години на највисоко ниво.