Големото срце на ѕвездата на Реал: Одморот го искористи да помага во Сиера Леоне (ВИДЕО)

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Антонио Рудигер ја искористи паузата за празниците во Шпанија и за да помогне.

Имено, дел од својот одмор Рудигер помина во Сиера Леоне, земјата од каде што потекнува неговата мајка. При својата посета германскиот репрезентативец посетил фондација која им помага на оние на кои им е најмногу потребно.

Во текот на посетата Рудигер исто така организирал и заеднички оброк за 200 луѓе, вклучувајќи и лица кои се глуви и со физички инвалидитет. Освеен што подели храна и основни продукти, дефанзивецот организираше и дружба со нив.

Ова не е првпат Рудигер да помага на болните деца во оваа земја, пред четири години финансираше и операција за 11 деца кои имаа проблем поради кој не можеа да се движат без патерици.