Легендата на Словенија поради семејна трагедија го раскина договорот со Лајпциг
35-годишниот сам изразил желба даа замине, а клубот од Лајпциг го прифатил неговото барање. Лајпциг закажа и церемонија на 17-ти јануари на која ќе се збогува со својот фудбалер.
Поранешниот словенечки репрезентативец минува низ тежок животен период и веќе подолго време е надвор од терените поради смртта на својот брат и нарушената здравствена состојба на неговиот татко. Последниот настап за РБ Лајпциг го имаше на 8 октомври минатата година, на пријателски натпревар, додека во официјални натпревари нема играно од септември.
Danke, Kevko! Abschied nach achteinhalb gemeinsamen Jahren ...🥺#RBLeipzig und Kevin #Kampl haben sich im beiderseitigen Einvernehmen auf eine vorzeitige Vertragsauflösung zum 31. Januar 2026 geeinigt. Der 35-Jährige hatte den Wunsch aus familiären Gründen geäußert, RB Leipzig… pic.twitter.com/jWD6shmd9q
— RB Leipzig (@RBLeipzig) January 3, 2026
Кампл пристигна во РБ Лајпциг во летото 2017 година од Баер Леверкузен и во следните осум и пол години се стана една од клучните фигури на клубот. Како поранешен словенечки репрезентативец, тој беше столб на средниот ред, одигрувајќи вкупно 283 натпреварувачки натпревари во ситее натпреварувања.
Според најавите Кемпл нема да потпише со друг клуб и поради тешката ситуација со која се соочува ќе стави крај на кариерата.