„Играњето во Саудиска Арабија е глупост“

Фудбалерот на Атлетик Билбао, Ињаки Вилијамс уште еднаш го крена гласот против играњето на шпанскиот Суперкуп во Саудиска Арабија.

Ињаки Вилијамс е пример за лојален играч кој верноста кон Атлетик Билбао ја стави пред парите, а тој пат засега го следи и неговиот брат, Нико Вилијамс.

Двајцата се воспитани поразлично од она како се развива денешниот свет и како се се врти околу парите занемарувајќи ги вистинските вредности градени со децении.

Од 7 до 11 февруари во Саудиска Арабија ќе се одигра шпанскиот Суперкуп на кој ќе учествуваат Атлетик Билбао, Барселона, Реал Мадрид и Атлетико Мадрид.

За Ињаки Вилијамс идејата да се игра во Саудиска Арабија е глупост.

„Тоа го имам кажано веќе неколкупати и не сакам да бирам зборови кога станува збор за оваа тема. За мене, играњето во Саудиска Арабија е глупост, да бидам јасен. Чувството е како да сме многу далеку од дома, а ако се играше во Шпанија, голем број навивачи ќе беа со нас“, изјави Вилијамс.