Бугарите тагуваат: Почина селекторот кој ги однесе до четвртото место на Светското првенство!
Димитар Пенев е една од најзначајните личности во историјата на бугарскиот фудбал. Тој е единствениот што постигна голем успех и како играч и како тренер, а врв на неговата кариера е четвртото место на Светското првенство во САД во 1994 година, како селектор на Бугарија. Поголемиот дел од својата кариера го помина во ЦСКА, каде што се етаблираше како еден од најдобрите дефанзивци во историјата на клубот, а со софискиот клуб освои седум бугарски титули и пет бугарски купови.
Одигра 90 натпревари и постигна 2 гола за Бугарија. Учествуваше на три последователни светски првенства (1966, 1970 и 1974), што беше ретко достигнување за дефанзивец во тоа време. Два пати ја освои наградата за најдобар фудбалер во Бугарија - во 1967 и 1971 година. Димитар Пенев имаше уникатен талент за откривање таленти. Токму тој етаблираше легенди како Христо Стоичков, Емил Костадинов и Љубослав Пенев во ЦСКА и во националниот тим. Под негово водство, ЦСКА стигна до полуфиналето на КПК (Купот на победниците на куповите) во 1989 година.
Сепак, Пенев засекогаш ќе остане во историјата на бугарскиот фудбал поради најголем успех на репрезентацијата на оваа земја - незаборавното четврто место во САД. Стратегот ја предводеше и Бугарија до Европското првенство во Англија во 1996 година. Во 1996 година, тој беше прогласен за тренер број 1 на Бугарија во 20 век.