Јокиќ веќе оди нормално, се опоравува побрзо од предвиденото (ВИДЕО)

Никола Јокиќ избегна тешка повреда на коленото на дуелот со Мајами, но прогнозите се дека сепак еден месец ќе мора да биде во аут за целосно опоравување.

Сепак, паузата за српскиот кошаркар може да биде пократка, така велат последните информации од САД.

„Секако, Нагетси со целосно внимание го следат опоравувањето на Никола Јокиќ“, рече новинарката Касиди Хабарт во текот на мечот меѓу Денвер и Кливленд.

„Ми кажаа дека Нагетси се пријатно изненадени од начинот на кој Јокиќ се движи во овој момент. Тој тргна со тимот во Кливленд, се движи и оди нормално. Користи собен велосипед, работи со медицински луѓе, оди по скали... Добро е расположен и се чини дека се оди најдобро. Ова се охрабрувачки вести, со оглед на тоа дека претходно имаше страв“, додаде Хабарт.

Јокиќ беше и снимен како се движи низ ходниците од салата во Кливленд.