Моќно издание на Дончиќ и Леброн за победа на Лејкерс! (ВИДЕО)
Лејкерс добро го почна мечот и одлично го задржи, среднишниот дел од натпреварот им припадна на кошаркарите на Мемфис, но кога се решаваше победникот домаќините беа подобри и дојдоа до победата.
Најефикасен на мечот беше Дончиќ со 34 поени, имаше и осум асистенции и шест скокови, веднаш зад него беше Леброн кој уфрли 31 поен, имаше и девет скокови и шест асистенции. Најдобар во составот на Мемфис беше Џексон со 25 поени.
Денвер беше на прагот да го добие и вториот меч без Никола Јокиќ, но им се случи несфатлив пад во последната четвртина која ја загубија со 11-25. Изгледаше дека нема да имаат проблем да дојдат до победата, но се укочија во последниот период и го загубија мечот со 108-113.
Најефикасен беше Мареј со 34 поени, Вотсон реализираше 21, кај Кливленд најдобар беше Мичел со 33 поени.
Резултати:
Индијана - Сан Антонио 113-123
Вашингтон - Бруклин 119-99
Кливленд - Денвер 113-108
Њујорк - Атланта 99-111
Чикаго - Орландо 121-114
Милвоки - Шарлот 122-121
Њу Орлеанс - Портланд 109-122
Феникс - Сакраменто 129-102
Голден стејт - Оклахома 94-131
ЛА Лејкерс - Мемфис 128-121