Вардар го продолжи договорот со Маневски на уште две години
Неговиот договор кој беше со важност до претстојниот јуни, продолжен е до 2028 година што е награда за неговите добри игри оваа сезона, Левиот бек настапи на 16 натпревари за Вардар и со пет асистенции е еден од најдобрите во лигата во оваа статистичка категорија.
Продолжувањето на договорот меѓу Вардар и Маневски доаѓа точно една година откако фудбалерот му се придружи на скопскиот клуб од редовите на Тиквеш. Претходно играше и за Брегалница, Гостивар, Шкендија, Силекс и Брера.