Алкараз го избра новиот тренер – човек што го познава од неговата десетта година

Заминувањето на Хуан Карлос Ферер од тимот на Карлос Алкараз предизвика вистински земјотрес во тенискиот екосистем.

Малкумина можеа да очекуваат дека таков стабилен и успешен тандем ќе се распадне среде подготовките за новата сезона. Тајмингот на веста и фактот дека Алкараз има феноменална сезона зад себе укажуваат дека имало некакво недоразбирање надвор од теренот, но повеќе ќе се знае за тоа во наредните денови.

Она што е сигурно засега е дека Самуел Лопез, досегашниот втор тренер на тимот, ќе ја преземе улогата на главен тренер на претстојниот Австралија Опен , кој започнува на 18 јануари. Што ќе се случи потоа, знае само потесниот круг околу тенисерот од Мурсија. Сепак, како што тврди Марка, се очекува Лопез да остане во текот на целата следна сезона.

Самуел Лопез Харенхо е роден на 1 февруари 1970 година. На 20-годишна возраст му помогнал на Антонио Мартинез Каскалес да ја основа Академијата Еквелит, подоцна преименувана во Академија Фереро. Лопез беше долгогодишен тренер на Хуан Карлос Фереро, а работеше и со Гиљермо Гарсија-Лопез, Сантијаго Вентура и Мариуш Фирстенберг, пред да освои седум титули со Пабло Карењо Буста кој со него стигна до 10. место на светската ранг-листа.

Лопез го познава Алкараз од неговата 10-годишна возраст и јасно е дека добро знае кои се неговите квалитети, но и слабости на кои треба да работи во иднина.