Британски новинар лансираше „бомба“: Гвардиола може да го напушти Сити!
Гвардиола го презеде Манчестер сити во 2016 година и во периодот на своето владеење ги оствари најголемите успеси во историјата на клубот. Под негово водство, Сити за првпат се искачи на европскиот и светскиот фудбалски трон, освои шест титули во Премиер лигата, како и вкупно 19 официјални трофеи.
Сепак, според Орнштајн постојат најави за негово заминување. Во својот текст за „Атлетик“ тој тврди дека во клубот постои сè поголем страв дека шпанскиот стратег ја одработува последната сезона.
„Сè се поголеми шансите дека ова е последната сезона на Гвардиола во Манчестер сити. Конечната одлука ќе биде донесена наскоро, според добро упатени извори од клубот“, пренесува Орнштајн.
Во исто време, веќе најавува и кој би бил првиот избор на Манчестер сити доколку Гвардиола навистина замине. Наводно тоа е актуелниот предводник на Челси, Енцо Мареска кој негува слична фудбалска филозофија како Гваредиола. Мареска веќе соработуваше со Гвардиола како негов помошник во таборот на „граѓаните“ и добрро ги познава методите на работа и соблекувалната во клубот.
🚨🇮🇹 𝐁𝐑𝐄𝐀𝐊𝐈𝐍𝐆 | Chelsea manager Enzo Maresca is high among the candidates Manchester City are considering in case Pep Guardiola exits the club next summer, reports @David_Ornstein. 🔵⚡️
— EuroFoot (@eurofootcom) December 18, 2025
Man City are advancing contingency work for possible manager change. pic.twitter.com/Qnc0gHFFmu