Меси од индиски милијардер доби уникатна „ситница“ вредна – милион евра!
Станува збор за луксузен модел произведен во само 12 примероци, што го прави еден од најретките часовници во светот. Тој ќе стане дел од веќе импресивната колекција на аргентинската фудбалска икона. Меси и претходно беше забележан со екстремно скапи модели, меѓу кои и розов Ролекс Дејтона вреден околу 700 илјади фунти, како и уште еден часовник проценет на повеќе од половина милион фунти.
Подарокот предизвика силни реакции на социјалните мрежи, каде што навивачите изразија воодушевување од гестот. Дел од коментарите истакнуваа дека Меси „освојува сè – и трофеи и луксуз“, додека други го опишаа Амбани како човек што „дарува часовници без размислување“. Турнејата на Меси во Индија не помина без инциденти. За време на настанот на стадионот „Солт Лејкс“ во Калкута, дел од публиката реагираше бурно откако аргентинецот се појави само неколку минути. Револтирани навивачи влегоа на теренот, по што фудбалерот беше принуден итно да го напушти објектот.
ФОТО: EPA PHOTO