Црвена звезда добива нов тренер – голема легенда на клубот!

Дејан Станковиќ ќе биде новиот шеф на стручниот штаб на Црвена звезда во продолжението од сезоната, а според информации на „Спорт клуб“, ваквиот епилог е веќе извесен на „Маракана“.

Како што наведува истиот извор, одлуката за смена на Владан Милојевиќ е донесена уште пред натпреварот против Штурм и ставот на клупското раководство не е променет, иако актуелниот тренер оствари три последователни победи во Лига Европа и практично обезбеди пласман во нокаут-фазата. Станковиќ моментално се наоѓа во Белград, по отказот што го доби во московски Спартак, а од таборот на Црвена звезда добил повик дека клубот има потреба од него. По неуспешните преговори со Риера, челниците на српскиот шампион се насочиле кон домашно тренерско решение.

И покрај европските успеси, Милојевиќ нема да ја задржи тренерската позиција, а според последните информации, договорот ќе биде раскинат шест месеци пред неговото истекување. Крајот на есенскиот дел од сезоната ќе значи и официјален прекин на соработката. Се очекува Дејан Станковиќ да биде промовиран веднаш по паузата и да се појави на првиот ден од зимските подготовки, закажани за 3 јануари.

Станковиќ веќе еднаш ја презеде Црвена звезда на средина од сезоната, во 2019 година, но тогаш тимот имаше дури 11 бода предност во однос на Партизан. Овојпат задачата ќе биде значително потешка, со оглед на борбата за титулата и заостанувањето на табелата.