Ужасна трагедија: Фудбалер на Барселона брутално застрелан на улица (ВИДЕО)
Фудбалерот бил ликвидиран пред месарница, а во вооружениот напад животот го загубила и непозната жена, додека мајката на Пинејда е повредена. Полицијата започна истрага, но засега нема информации за сторителите и мотивите. Од Барселона СЦ преку соопштение ја потврдија трагичната вест, наведувајќи дека смртта на нивниот фудбалер длабоко го потресла целиот клуб.
Пинејда беше член на Барселона од 2016 година и за тимот од Гвајакил одигра 224 натпревари, а во кариерата настапуваше и за Флуминенсе и Ел Насионал. За репрезентацијата на Еквадор забележа девет настапи.