Икарди во јануари може да се врати во Италија, три клуба се опција

Aргентинецот, Мауро Икарди би можел во јануари да ја напушти Турција и да се врати во италијанскиот фудбал, пренесуваат медиумите.

Напаѓачот кој некогаш во Италија го носеше дресот на Интер, сега според информациите започнал преговори со Милан, Комо и Рома.

Актуелната сезона за Икардди во Галатасарај е четврта во турскиот клуб и во неа постигна 69 погодоци, додавајќи 22 асистенции. Сепак, со доаѓањеето на Осиме, а потоа и на Сане се промени неговиот статус и веќе ја изгуби улогата на главен напаѓач.

Иако, оваа сезона постигна осум голови на 21 натпревари, само шест пати беше во почетнот состав и неговиот договор со Галатасарај истекува наа крајот на оваа сеезона, па во зимскиот преоден рок би можел да се пресели во новата средина.

Покрај Интер, Икарди го носеше дресот уште на Сампдорија и ПСЖ, но најголема трага остави во редовите на „нераѕурите“ за кои на 219 натпревари постигна 124 гола.