Редок случај во европскиот фудбал: Холандски клуб направи осум замени

Го Ахед Иглс направи преседан во холандскиот фудбал и во куп натпреварот против тимот искористи дури осум замени, а на крајот избори пласман понатаму по изведувањето пенали. 

Сè започна уште во првото полувреме, кога Јакоб Бреум мораше да го напушти теренот поради повреда. Во текот на регуларниот дел од натпреварот, тренерот Мелвин Бојл искористи уште четири „класични“ замени, со што го достигна максимумот од пет дозволени промени.

Клучот на целата приказна е т.н. „бела замена“, специјално правило што се однесува на повреди на глава. Овој тип замена не влегува во лимитот од пет, а уште поважно, доколку една екипа направи „бела замена“, противникот автоматски добива право на дополнителна замена и дополнителен термин за измена.

Во овој натпревар, фудбалерот на Го Ахед Иглс, Оскар Сивертсен се судри со дефанзивец на Рода, при што и двајцата заработија повреди на главата. Иако накратко продолжија да играат, тие го напуштија теренот во различни моменти, па двете екипи одделно ја искористија „белата замена“.

На сето тоа доаѓа и правилото за дозволена дополнителна замена во продолженијата.