Играа во Премиер лигата, а сега се пред целосно згаснување?!
Рединг пред неколку месеци доби Американски сопственици и се очекуваше ситуацијата да биде подобра, но денеска е отворена постапка за ликвидација на клубот.
Барањето е испратено од поренешниот извршен директор на клубот Најџел Хау коој долго време има судски спор.
„Клубот ги отфрла обвинеијата и е во активен спор со споменатата линост. Поради можноста за правна постапка би било непримерно да се кментира во овој момент“, соопштија од Рединг.
Хау претходно беше и вклучен во продажбата на клубот која дојде по долгите финансиски потешкотии кои ги имаше претходниот сопственик.
Претходно на Рединг му беа одземени бодови и беше ставен под рестрикции, а оваа вест само ќе предизвика дополнителна загриженост помеѓу навивачите.
Во овој момент Ренџерс е член на третиот ранг на англискиот фудбал и тимот кој го има вреди 11 милиони евра, а се наоѓа на 18-то место на табеллата.
Последен пат дел од Премиер лигата беа во сезоната 2012/2013.