Кин збесна: Брат му на Мејну е идиот! (ВИДЕО)
Млаидот фудбалер ретко е во плановите на Рубен Аморим, а летоска сакаше да се пресели во друг тим за да игра повеќе. Тој има 11 настапи во Премиер лигата оваа сезона, сите како замена и неговиот единствен старт беше во несреќниот натпревар од Карабао купот против Гримсби Таун во август.
Според италијанските медиуми, тој веќе постигнал договор со Наполи, кој сака да го земе на позајмица во јануари. Сепак, „Скај Спортс“ тврди дека клубот не е ниту подготвен да го продаде ниту да го позајми и само исклучителна понуда може да го промени тоа.
„Сакаш да ми кажеш дека не може да седи таму уште шест месеци? Можеби мисли дека менаџерот исто така ќе си замине на лето. Има 20 години. Штета е да седи во клубот и да не го учи својот занает дури и ако не добие шанса. Сите моравме да го направиме тоа. Понекогаш едноставно мора да му докажеш на менаџерот дека греши. Џејми [Карагер] рече дека никогаш не се чувствувал како редовен стартер во Ливерпул, јас исто така никогаш не се чувствував сигурен во Јунајтед. Секој ден е твоја шанса да му се докажеш на менаџерот. Тој треба да го сфати тоа. И кога го тера овој идиот брат свој да го прави сето ова... Не треба ни да обрнуваме внимание на овие работи. Понекогаш си едноставно опкружен со идиоти, особено во семејствата“, рече Кин.
Коби Мејну е „дете“ на Јунајтед, ја помина школата на овој клуб и во 2022, како 17-годишник дебитираше во првиот тим. Оттогаш одигра 61 натпревар, но во ниеден момент не беше стандарден првотимец.