Барса ги пушти билетите за Ел Класико... за 4.000 евра!

Иако следното Ел Класико се игра дури во мај, Барселона веќе почна да продава билети за натпреварот кој многумина го сметаат за најатрактивен во светот.

Мечот би можел да биде одлучувачки за трката за титулата, бидејќи е во рамките на 35. коло. По овој судир, ќе останат само три натпревари пред крајот на сезоната, па возбудата ќе достигне кулминација. Засега, клубот пушти во продажба само ВИП билети, а цената е неверојатно висока бидејќи секој чини 4.000 евра, четири пати повеќе од вообичаената цена на билет од овој тип. На пример, за натпреварот против Овиедо, овие билети чинат 1.000 евра, додека за натпреварот од Лигата на шампионите против Копенхаген неколку дена подоцна, цената се зголемува на 1.150 евра.

Седиштата се наоѓаат до играчите и клупата на тимот, а овие билети овозможуваат пристап до ВИП салонот на стадионот, со премиум кетеринг пред и по натпреварот, како што е наведено на веб-страницата на Барса.

Во овој момент, сè уште не е познато кога ќе се игра натпреварот, дали во сабота, 9. или во недела, 10 мај, па затоа и времето на почеток е исто така непознато. И покрај ова, клубот веќе почна да продава билети.