МЗТ Скопје се сруши во второто полувреме и убедливо загуби од Златибор!
МЗТ Скопје парираше во првиот дел, но одигра очајно второ полувреме и го доживеа вториот пораз оваа сезона во второто по квалитет јадранско кошаркарско натпреварување.
Македонскиот тим добро го почна мечот, имаше предност во воведните минути, беше 11-9 за МЗТ Скопје кога домаќинот почна серија и дојде до предност од седум разлика, беше 24-17 за Златибор. Сепак нашиот тим се совзема и се врати резултатски, по првите десет минути домаќинот имаше предност само од еден поен, беше 29-28.
Во втората четвртина Златибор ја зголеми предноста, полувремето заврши со нивна предност од 54-49, но тоа уште беше поднослива и достижна разлика.
Сепак во вториот дел се случи огромен пад на МЗТ Скопје, Златибор почна да ја зголемува предноста, а момците на Атанасов влегоа во големи проблеми со реализацијата, на крајот српскиот тим го доби мечот со убедливи 102-74.
Најефикасен во составот на МЗТ Скопје беше Чарлс Гил со 24 поени, Смит постигна 13, двоцифрен беше и Мекеден со 10, за Златибор, Мур реализираше 28 поени.
Следниот меч на МЗТ Скопје во втората АБА лига е на 14 јануари на домашен терен против Војводина.