Куманово ја уништи Струга и ја прескокна на табелата!
Тоа беше дуел меѓу две екипи од долниот дел на табелата кои ги дели само еден бод, пред почетокот на меч Струга беше пред Куманово на табелата, но работите денеска се променија.
Победникот беше решен уште во првото полувреме кога Куманово создаде предност од пет голови разлика, по првите 30 минути беше 15-10.
Во вториот дел кумановци продолжија да го мелат противникот до конечни 32-19. Победа за најава на подобра пролет за нив.
Александар Стојков и Борјан Цековски беа први стрелци во составот на Куманово со по шест голови, кај Струга Стефан Атанасовски постигна исто така шест.