Тијаго Силва на 41 година се враќа во Премиер лигата!

Бразилскиот дефанзивец, Тијаго Силва потврди дека ќе го напушти Флуминенсе и ќе се врати во Европа, четири клубови од Премиер лигата се интересираат за неговиот потпис.

Целта на Силва е да игра на највисоко ниво во вториот дел од сезоната и да се избори за место во составот на Бразил за Светското првенство и на тој начин да ја заврши кариерата.

Тој и покрај годините уште игра во голема форма, а интерес за него постои од неколку клубови.

Неговата дестинација треба да биде Лондон бидејќи неговото семејство живее таму, а синовите тренираат во младинската школа на Челси.

Се шпекулира за негово враќање во Челси, но како опции се посочуваат и Кристал Палас, Вест Хем и Фулам.