Династија во Реал: И по Анчелоти - Анчелоти!?

Бразилскиот прволигаш Ботафого денеска објави дека ја прекинува сорбаотката со Давиде Анчелоти.

За 36-годишниот стручњак тоа беше прв ангажман како главен тренер, но на позицијата беше само пет месеци откако ја презеде екипата во јули годинава. Тогаш потпиша договор до декември 2026, но си заминува една година порано од предвиденото.

Пред да го преземе Ботафого, Анчелоти јуниор му беше асистент на неговиот татко Карло во Реал Мадрид каде би можел да се врати, но во улога на шеф на стручниот штаб. Шпанските медиуми денеска објавија дека Давиде Анчелоти влегува во комбинација за нов тренер на Реал ако Чаби Алонсо наскоро добие отказ.

Неодамна тој се спомнуваше како можен тренер на Ренџерс кога менаџерската позиција во овој клуб беше испразнета. Освен во Реал, Давиде му беше асистент на својот татко и во Баерн, Наполи и Евертон.