Кој што сака прави во Партизан: Џонс се повреди, па го чекаа два часа на лекарски прегледи
Аммериканецот почувствува болка во листот во првото полувреме од натпреварот против тимот од Болоња и отиде во соблекувалната. За време на паузата помеѓу втората и третата четвртина се појави на теренот и се обиде да го продолжи натпреварот, но не издржа долго и во третиот период седна на клупа и повеќе не се врати.
Тој го заврши натпреварот против Виртус со 13 одиграни минути, не постигна ниту еден поен и забележа само еден скок, две украдени топки и една блокада. Направи три лични грешки и имаше две изгубени топки, а шутираше 0/2 од поле. Безличен настап за играч кој беше еден од најдобрите на натпреварите против Црвена Звезда и Баерн Минхен.
Денот по натпреварот со Виртус, на Џонс му беше закажана магнетна резонанца, токму поради таа повреда на листот на стапалото. Центарот уште еднаш потврди дека во Партизан во моментов владее башибозук и доцнеше два часа на прегледот. За негова среќа, соиграчите и стручниот штаб веќе заминаа за Каунас, па немаше кој да го казни за неодговорното однесување. Во моментов не се знае каква е состојбата со него и дали, евентуално, ќе отсуствува подолго време.