Состави: Шкендија со Ибраими во стартниот тим брка европска пролет!

Шкендија вечерва од 21 часот на гостински терен кај АЕК Ларнака брка пласман во нокаут фазата од Конференциската лига, познати се стартните состави на двата тима.

Беќири и овојпат се одлучи да почне со каптенот Бесарт Ибраим, а Фабрис Тамба да биде на клупата.

Стартниот состав на Шкендија е: Гаје, Трумчи, Фетаи, Цаке, Вебстер, Рамадани, Ќака, Љатифи, Зејнулаи, Спахиу и Ибраими.