Лазаров ги одбра јунаците за ЕП во Данска – има еден „странец“ и седум резерви!
На списокот на Лазаров има 21 ракометар, а од нив 18 ќе патуваат за Хернинг каде што Македонија ќе ги игра своите натпревари од групата.
Помеѓу повиканите не е кружниот напаѓач на Вардар, Милан Лазревски кој е надвор од терените поради повреда. На списокот единствен кој не настапува во домашното првенство е голманот Мартин Томовски.
Подготовките Македонија ги почнува на 22 декември, а шест дена подоцна во Пореч против Хрватска ќе го играме првиот пријателски натпревар. Исто таќа Лазаров ќе стетира на и во Швајцарија на „Жолт Куп“ каде што ќе се сретнеме со Бајреин и Украина во период од 8 до 10 јануари.
Македонија на првенството ќе игра во групата „Б“ каде што се сместени уште Португалија, Романија и домаќинот Данска.
