Oдермат во Италија ја запиша 50. победа во Светскиот куп!

Швајцарскиот скијач, Марко Одермат дојде до својата 50. победа во кариерата на Светскиот куп откако денеска во Вал Гардена победи на првата од двете спуст трки.

Одермат кој претходно овој месец победи на првиот спуст во Бевер Крек ја помина патеката за 24.48 секунди, 15 стотики побрзо од сонародникот Фрањо вон Алмен (1:24.63).

Италијанецот, Доник Париз (1:24.66) заврши на третата позиција со 19 стотинки заостанување зад Одермат.