Гиди му донесе победа на Чикаго и застана веднаш зад Јокиќ (ВИДЕО)
Последната четвртина беше клучна, бидејќи тогаш домашниот тим го зголеми водството и ја обезбеди победата. Најдобар стрелец на Чикаго беше Коби Вајт со 25 поени, но најдобар играч во победничкиот тим беше Австралиецот Џош Гиди, кој го заврши натпреварот со трипл дабл од 23 поени, 11 скока и 11 асистенции. Тоа е шести трипл дабл оваа сезона за австралискиот кошаркар кој во оваа статистичка категорија застана веднаш зад Никола Јокиќ кој е апсолутен лидер со 12.
Тандемот на Булс беше добро поддржан од Никола Вучевиќ, кој постигна 20 поени и девет скока. Донован Мичел постигна 32 поени за Кливленд, додека Дариус Гарланд додаде 15 поени, шест асистенции и пет скока.
Во вториот натпревар од ноќешната програма, Мемфис како гостин ја совлада Минесота со 116-110, благодарение на Џерен Џексон кој постигна 28 поени и 12 скока.