Европски гигант по речиси две децении добива нов претседател

Претседателот на Селтик, Питер Ловел, ќе се повлече од функцијата на 31 декември поради, а на негово место ќе дојде актуелниот извршен директор Брајан Вилсон, соопшти шкотскиот гигант.

Како што наведе самиот Ловел заминува поради злоупотреби и закани.

„Со тага ја објавувам мојата одлука да се повлечам од функцијата претседател на Селтик. Сметам дека моите 18 години како главен извршен директор и три години како претседател на клубот ја покажаа мојата способност да се соочам и да ги надминам предизвиците на многу фронтови, но злоупотребите и заканите од одредени извори се зголемија и сега станаа неподносливи“, се наведува во изјавата на Ловел објавена на официјалната веб-страница на клубот.

„Заканите ја згрозија и длабоко ја вознемирија мојата фамилија. Во оваа фаза од мојот живот, ова не ми е потребно. Не можам да го прифатам и затоа го напуштам клубот кој го сакав целиот свој живот“, додаде тој.

За повеќео од 20 години поминати во клубот, Селтик со него освои 38 трофеи, континуирано настапуваше во европските купови, стадионот „Селтик Парк“ беше модернизиран, а беше изграден и тренинг-центарот во Ленокстаун.