Трагедија: Почина поранешен кошаркар на Пелистер, МЗТ, Вардар и младински репрезентативец!
Петковски ги направи првите кошаркарски чекори во Пелистер, а беше и младински репрезентативец на Македонија, додека во кариерата ги носеше и дресовите на Куманово, Вардар, МЗТ Скопје и други екипи.
На почетокот на неговата тренерска кариера седна и на кормилото на Пелистер, со кој обезбеди пласман во елитата, а пред неколку години беше и член на управата на „зелено-белите“.
Ќе остане запаметен како еден од најдобрите битолски кошаркари во историјата.