Влета со велосипед на „Тур д Франс“, па го „патосираа“ и доби затворска казна (ВИДЕО)

Маж со неговиот велосипед влета на 17. етапа на велосипедската трка „Тур д Франс“, по што полицијата успеа да го совлада, а му беше изречена и условна затворска казна.

Триесегодишниот маж ја прескокна заштитната ограда пред целта, но беше совладан и турнат на подот, по што беше приведен од полицијата.

Судот му изрече условна затворска казна поради насилен влез на спортско натпреварување и прекршување на правилата.