Страв од жената: Арда Туран даде изјава на секси новинарка без да ја – погледне (ВИДЕО)

Поранешниот фудбалер на Барселона и Атлетико Мадрид, а сега тренер на украински Шахтар Доњецк, Арда Туран, се најде во центарот на вниманието по натпреварот против Бешикташ – но не поради спортски причини.

Главната причина за медиумската бура е неговото однесување за време на интервју со украинската новинарка Дарја Бондар Савина. На видеото, кое брзо се прошири на социјалните мрежи, се гледа како Туран избегнува да ја погледне новинарката во очи, што предизвика бројни реакции и шпекулации на интернет. Дел од коментарите велат дека Турчинот бил воздржан поради страв од неговата сопруга Аслихан Доан, додека други сметаат дека едноставно е срамежлив.

Туран и Аслихан се венчаа во 2018 година, а кум му беше турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган – што дополнително ја зголеми медиумската привлечност на настанот. Ова, сепак, не е првпат Туран да се однесува на ваков начин пред истата новинарка. И минатата сезона, по натпревар од Лигата на Европа, тој повторно беше интервјуиран од Бондар Савина – и повторно избегнуваше директен контакт со погледот.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Cez Futbol (@cezfutbol)