Едерсон е минато: Пеп договори голман кој прими само 16 гола и имаше 29 „чисти мрежи“

Манчестер сити се подготвува за следната сезона, а поранешниот шампион веќе ангажира неколку засилувања, но тренерот Пеп Гвардиола не планира да запре и наскоро се очекува да промовира нов голман.

Бразилскиот чувар на мрежата Едерсон очигледно ќе го напушти „Итихад“ по долги години поминати во Манчестер, за Гвардиола реши да го замени со талентираниот голман Џејмс Трафорд кој доаѓа од Барнли. 

Трафорд минатата сезона во Чемпионшип-лигата настапи на 45 натпревари, а интересно е тоа што прими само 16 голови и имаше дури 29 „чисти мрежи“ со Барнли.

„Граѓаните“ за трансферот на 22-годишниот голман се подготвени да платат околу 27 милиони фунти.

Фото: Facebook/Manchester City