
Дончиќ направи неверојатна трансформација летово – повеќе не е буцко (ВИДЕО)
Фановите и стручњаците се воодушевени од новиот изглед на словенечкиот ас, кој повеќе не е буцко, туку целосно посветен атлета. Тој во изминатите месеци ја стави физичката подготвеност како приоритет број еден. Летото го помина работејќи неуморно – под надзор на нутриционист, со рестриктивна исхрана и далеку од ноќниот живот. Резултатите се повеќе од очигледни - Дончиќ изгледа послаб и поподвижен од било кога досега.
На социјалните мрежи вирално се шири кратка снимка во која Дончиќ со неверојатна леснотија погодува кош од центар. Но, поголемо внимание од самиот потег привлече неговата нова, зголемено атлетска фигура – нешто што фановите со години го очекуваа.
Иако во Далас Маверикс бележеше одлични бројки, тимот го размени со Лејкерси за Ентони Дејвис поради загриженост околу неговата кондиција. Но, Дончиќ одговори на сите сомнежи – во новиот клуб веќе има 28 настапи со просек од 28,2 поени, 8,1 скок и 7,5 асистенции по меч, што речиси се совпаѓа со неговиот учинок од Далас (28,6 поени, 8,7 скокови, 8,3 асистенции во 422 натпревари).