
Бизарно: Победникот во Умаг се повреди додека му се радуваше на трофејот (ВИДЕО)
Сепак, наместо целосна еуфорија, финалето заврши со голема доза на загриженост во таборот на победничкиот тенисер, бидејќи тој се повреди при прославата на победничкиот поен. Дардери незгодно го повреди глуждот токму во моментот на славење, што накусо предизвика паника кај него и неговиот тим.
Ова е четврта титула за италијанскиот тенисер во исто толку финалиња – годинава веќе победи во Баштад и Маракеш, а минатата сезона славеше и во Кордоба. Единствено Карлос Алкараз од Шпанија има повеќе финалиња на земјена подлога оваа сезона (четири). Со овој успех, Дардери стана четвртиот Италијанец што го освојува трофејот во Умаг, по Фабио Фоњини (2016), Марко Чекинато (2018) и Јаник Синер (2022).