Ништо од потпис со Бенфика: Феликс го премислија милионите од С. Арабија

Еден од најскапите фудбалери во историјата, Жоао Феликс доживеа голем пад во кариерата, па наскоро ќе ги напушти редовите на Челси и ќе се пресели во Саудиска Арабија, иако долго време се поврзуваше со потпис за Бенфика.

Феликс сакаше да се врати во неговиот поранешен клуб, но Ал-Наср во последен момент го премисли со богатата понуда и се чека само официјална потврда на трансферот.

Португалецот веќе ги договорил личните услови, а се очекува Ал-Наср да плати околу 20 милиони евра за услугите на Феликс.