Манчестер Јунајтед победнички ја почна американската турнеја – херој е Бруно (ВИДЕО)

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед победнички ја започнаа серијата пријателски средбиво САД, откако ноќесна го совлада Вест Хем (2-1) на стадионот „МетЛајф“ во Њујорк, каде што неодамна се одигра финалето на Светското клупско првенство (СКП).

Херој на мечот беше Бруно Фернандеш, кој ги постигна двата гола за „ѓаволите“ - првиот уште во 5. минута од пенал, а вториот во 52. минута по асистенција од младиот Коби Меино. За „црвените ѓаволи“ свој прв настап имаше и новото засилување Матеус Куња. Екипата на Вест Хем успеа да намали преку Џерод Бовен во 60. минута, но не успеа да дојде до изедначување.

 

 

Во вториот премиерлигашки пријателски дуел на американско тло, Борнмут убедливо го совлада Евертон со 3-0.

ФОТО: EPA PHOTO