Хаос во Белгија пред стартот на трката во Ф1 (ВИДЕО)

Трката за Големата награда на Белгија во Формула 1 е закажана за денеска од 15 часот, но силно невреме ја зафати земјата пред спектаклот.

ФИА мораше да ја прекине трката во Формула 3, која беше претходно на програмата, поради силниот дожд и опасноста за возачите.

Во моментов активно се следи ситуацијата во Белгија и засега нема промена во распоредот.