Драма во САД: Медведев доби клучен поен поради неспортски потег на „џелатот“' на Ѓоковиќ (ВИДЕО)

Рускиот тенисер, Данил Медведев, се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Индијан Велс откако ноќеска го победи Џек Дрејпер (6-1, 7-5), кој во претходната рунда го елиминира Новак Ѓоковиќ.

Натпреварот беше обележан со контроверзен момент во финишот на вториот сет, кој практично го реши победникот. При резултат 5-5 и 0:15 на сервис на Дрејпер, Британецот среде поен ги рашири рацете, убеден дека топката излегла во аут. Размената продолжи уште неколку удари, а на крајот Медведев ја испрати топката во мрежа. Русинот веднаш се пожали кај судијката, тврдејќи дека потегот на противникот го вознемирил и дека станува збор за неспортско попречување.

Дрејпер се обиде да објасни дека станувало збор за рефлексна реакција и дека не сакал да го попречи противникот, но судијката побара преглед на снимката. По гледањето на видеото, таа пресуди дека потегот на британскиот тенисер навистина претставува неспортско попречување, па му го одзеде поенот. Наместо резултатот да биде 15:15, на семафорот стоеше 0:30, по што Дрејпер го загуби сервисот. Во следниот гем Медведев ја заврши работата и го доби мечот.

Видеото од спорниот момент може да го погледнете ТУКА.