Статиката на Кошево не е сигурна, Македонија сепак нема да игра пред полн стадион!
Според босанските медиуми, во пресрет на организацијата на натпреварите на „Кошево“ биле посочени проблеми со статиката на јужната трибина. Поради тоа, овој дел од стадионот веќе бил со ограничен капацитет, па на неодамнешното градско дерби меѓу Сараево и Железничар биле пуштени само околу 1.800 гледачи на овој дел од стадионот. Ова значи дека и за дуелот против Македонија постои реална можност да нема максимална посетеност, односно бројот на билети да биде помал од вообичаеното.
Последен пат кога босанската репрезентација го наполни „Кошево“ било во 2013 година, на пријателскиот натпревар против САД, кога во продажба биле пуштени околу 24.000 билети.