Пелистер на „жешко“ гостување во Автокоманда - пораз ќе значи збогум за титулата!
Пелистер доаѓа на тешко гостување во лош момент, по поразот од Охрид на домашен терен, а нов пораз на гости кај Алкалоид ќе значи и крај на борбата за титулата.
Алкалоид, од друга страна, ќе се обиде да го совлада актуелниот шампион во обид да стигне до важни бодови во борба за позициите кои водат во европските купови следната сезона.
Вардар е прв на табелата со 52 бодови, по што следи Охрид со 44, Пелистер има 42, а Алкалоид има 40 поени.