Де Лаурентис предложи радикални промени: Фудбалот умира пред наши очи!
Де Лаурентис ги критикува фудбалерите поради симулирањето и посочи дека тоа го убива ритамот на играта. Според него, гледачите немаат трпение за бавно темпо, а со лошите натпревари ја губат публиката.
„Кога мечот е здодевен, децата прекинуваат да гледаат и одат да играат ФИФА на Плејстејшн. Јас би ги скратил полувремињата од 45 на 25 минути. Би ги отстранил и црвените и жолти картони. Наместо тоа, за жолт картон ќе паузираш пет минути надвор, а за црвен те чека пауза од 20 минути“, кажа Де Лаурентис.
Првиот човек на калчолигашот посочи дека фудбалот умира поради правила кои не се доволно добри, а меѓу нив го спомена и тоа за офсајд. Тој смета дека е неприфатливо да се поништуваат голови поради минимални офсајди.