Барселона пред тешка мисија во Мадрид, Ливерпул се надева на чудо против ПСЖ

Вечерва се играат реваншите од два натпревари во Лигата на шампиони (ЛШ), односно Барселона гостува во Мадрид и брка негатива од 0-2, додека Ливерпул на домашен терен ќе го пречека ПСЖ (0-2).

Барселона доаѓа во Мадрид со негатива од 0-2 од првиот четвртфинален меч во ЛШ, а дополнителен проблем беше и исклучувањето на Пау Кубарси.

Каталонскиот гигант нема премногу простор за калкулации, односно избраниците на Ханси Флик мора да тргнат по гол рано во натпреварот и да го наметнат својот ритам.

Во нападот имаат доволно квалитет, а тоа го покажаа и во текот на сезоната, но Атлетико Мадрид е цврст во одбрана и тоа го покажа на нивниот претходен меѓусебен дуел.

„Размислувам за моите фудбалери, а не за судиите. Пред нас е многу тежок натпревар и свесни сме што треба да направиме за да поминеме понатаму“, кажа Диего Симеоне.

Неговиот колега од Барселона кажа дека верува во своите фудбалери и мисли дека може да ја надокнадат негативата.

„Верувам во својот тим и мислам дека можеме да ја надокнадиме загубата. Мора да бидеме сигурни во одбрана и да ги користиме шансите во нападот“, вели Флик.

ПСЖ голем дел од работата заврши на „Паркот на принцовите“, каде што славеше со 2-0, но ќе мора да биде внимателен на гостувањето на „Енфилд“, иако Ливерпул во последниот период не беше најдобар на теренот.

Тренерот Арне Слот кажа дека ги забележал грешките од првата средба против ПСЖ и ќе ги корегира во реваншот со цел да го најдат вистинскиот рецепт за победа против францускиот шампион.

Фото: Facebook/FC Barcelona