Фабрегас ги откачи Италијанците - не сака да работи како селектор!
Фабрегас има одлични резултати со Комо, но не е заинтересиран за кормилото на „аѕурите“, односно кажа дека би му било здодевно да работи како селектор.
„Да бидам селектор на Италија? Можеби еден ден, но засега не сум заинтересиран затоа што морам да бидам секој ден со фудбалерите на терен. Работата во репрезентацијата во моментов би ми била здодевна“, кажа Фабрегас.
Комо под водство на Фабрегас во моментов е на петтата позиција во Серија А со 58 бодови и се бори за место во Лигата на шампиони (ЛШ).