Изгуби три финалиња од Барса во ЛШ, сега дочека да удри по „каталонците“
Играше пет финалиња, загуби четири од нив, од кои три од Барса. Две во дресот на Манчестер Јунајтед (2009 и 2011 година) и едно со Јувентус (2015). Четвртиот пораз е од Порто во 2004 година кога Евра беше член на Монако, а единствената титула ја освои со Јунајтед во 2008 година. Јасни се фрустрациите од Барселона кај Французинот, но денеска дочека да удри по каталонскиот клуб кој е грогиран пред реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Атлетико. Евра дури нервозно ги повика навивачите на Барселона да се разбудат од соништата бидејќи, како што вели, нивниот тим нема шанси да направи пресврт.
„Навивачите на Барселона би било добро да се разбудат и да престанат да сонуваат, да се соочат со реалноста. Тие смешни монтажи од нивните играчи со очила за сонце и слушалки циркулираат насекаде, циркулираат некои пораки за пресврт, мотивација... Подобро веднаш да го избришат сето тоа и да престанат да се срамат.
Разбудете се веќе, ова не е Барселона од 2015 година, тој тим повеќе не постои. Постојано ја гледаме оваа Барселона како губи одново и одново на големата сцена, се срами себеси и трпи порази. Тие едноставно не се способни да направат пресврт против Атлетико во Лигата на шампионите и тоа е факт со кој мора да се помират. Колку побрзо го сторат тоа, толку полесно ќе им биде.
Во Лигата на шампионите, тие побрзо ќе добијат уште еден црвен картон отколку да победат. Тоа стана традиција кај нив. Имам целосна доверба во големиот Диего Симеоне и неговите играчи. Тие се вистински воини, целосно се подготвени и ќе ги спречат овие соништа за Барселона. Би сакал да им кажам на навивачите на Барса да престанат да зборуваат и малку да се opametat. Европа е сосема поинаква приказна и едноставно не сте на тоа ниво. Го сакам фудбалот, но претпочитам вистината“, рече Евра.
Реваншот меѓу Атлетико и Барселона се игра вечерва во Мадрид, а „јорганџиите“ имаат предност од 2-0 од првиот меч.