Арсими го надигра Пелистер за големи три бодови во Првата лига (ВИДЕО)

Фудбалерите на Арсими триумфираа против Пелистер со 2-0 во 27. коло од македонската Прва лига, со што освоија важни три бодови во борбата за опстанок во елитата.

Првото полувреме помина без многу атрактивен фудбал, па најсериозната шанса беше претворена во гол во 44. минута кога Дардишта погоди за 1-0 по центар-шутот од левата страна на казнениот простор.

Пелистер се обидуваше да израмни и имаше неколку шанси, но Булатовиќ и Петровиќ не беа прецизни и резултатот остана 1-0 за Арсими.

Арсими се наоѓа на седмата позиција со 35 бодови, додека Пелистер е на деветтото место со 26 поени.

Фото: ФК Арсими