Аргентинска секс-бомба: Меси не е светец каков што сите го мислат!
Ринкон гостуваше во телевизиска емисија каде водителите, разгледувајќи го нејзиниот профил на социјалните мрежи, открија дека Меси ја има блокирано на Инстаграм. Откритието предизвика изненадување во студиото, по што актерката реши отворено да зборува за нивната наводна комуникација во минатото.
„Не ме интересира дали ќе ме одблокира, тоа беше во некој друг живот“, изјави Ринкон.
Таа веднаш потоа додаде дека јавноста има погрешна претстава за карактерот на аргентинската фудбалска ѕвезда. Според неа, Меси не е „светец“ каков што често го претставуваат навивачите и медиумите. Ринкон алудираше на периоди кога Меси и неговата сегашна сопруга Антонела Ракузо не биле заедно, тврдејќи дека тогаш фудбалерот водел поинаков приватен живот. Во емисијата беше отворено и прашањето кој всушност ја направил блокадата на социјалната мрежа. Дел од присутните во студиото шпекулираа дека зад тоа стои токму Рокузо, која наводно сакала да ги отстрани сите жени од минатото на Меси што би можеле да претставуваат потенцијална закана.
На крајот од разговорот, Ринкон остави простор за дополнителни шпекулации, истакнувајќи дека нивната приказна е многу покомплексна отколку што изгледа во јавноста и дека не секогаш работите се црно-бели. Изјавите на актерката предизвикаа бурни реакции на социјалните мрежи, каде што дел од јавноста ги доведе во прашање нејзините тврдења, додека други сметаат дека приказната отвора нови прашања за приватниот живот на аргентинската фудбалска легенда.