Проблеми за Македонија: Јакимовски нема да игра против Австрија!

Македонската кошаркарска репрезентација доби лоши вести пред гостувањето во Виена, откако Наполи не го пушти Андреј Јакимовски да настапи против Австрија во претквалификациите за Евробаскетот 2029.

Еден од најдобрите македонски кошаркари во моментов нема да настапи на утрешниот дуел затоа што неговиот нов клуб Наполи и тренерот Јасмин Репеша одговорија негативно на барањето на Македонија.

Отсуството на Јакимовски ќе биде проблем за селекторот Жозеп Марија Берокал, па на теренот ќе мора да го покријат останатите кошаркари, пред сè Димитријевиќ и Рајт.

Македонија ќе се соочи против Австрија во Виена утре од 16.05 часот.

Фото: КФМ